Ресторан

Хотел Викторија располага со ресторан од затворен тип во кој нашите гости може да го пијат утринското кафе, да ги извршуваат работните обврски или да одржуваат бизнис состаноци во текот на целиот ден.

Во ресторанот се послужува доручек на база шведска маса со разновидни млечни и месни производи, неколку вида на кафе и сокови како и топли оброци, во период од 07:00-10:00 часот.

На Ваше барање можеме да организираме ручек/вечера или коктел средби со кетеринг услуга во соработка со високо реномирани ресторани.
Вкупен капацитет на ресторанот е 50 седишта.
Квадратура на ресторан: 120m2