За нас

Се наоѓаме во резиденцијалниот дел на Скопје, во мирно и пријатно опкружување, на 1км од центарот на градот, во подножјето на Водно. Нудејќи им на гостите мирна и пријатна атмосфера, Хотел Викторија е идеално место за Вашите бизнис патувања и состаноци. Успешно ги остваруваме Вашите потреби од 2004 година, а од 2011 во комплетно реновиран амбиент. Нашата цел е за време на Вашиот престој да се чувствувате како дома.

 Во склоп на хотелот Ви нудиме:

- Ресторан од затворен тип во кој може да уживаат само нашите гости во кој се послужува доручек на база шведска маса од 07:00-10:00h, истовремено адаптибилен како сала за состаноци, со капацитет од 50 лица
- БЕСПЛАТЕН затворен паркинг со видео надзор
- 100% покриеност на хотелот со БЕСПЛАТНА LAN и Wireless интернет конекција
- Хотелски сеф
- Факс
- Хемиско чистење
- Лифт
- Летна тераса со капацитет од 20 седишта

Хотелско сместување

- 25 соби:
– 1 апартман (4 лица-брачен лежај + два помошни кревети)
– 3 еднокреветни соби
– 1 economy еднокреветна соба
– 4 двокреветни соби со брачен лежај
– 16 двокреветни соби со одвоени кревети

Сите соби се опремени со клима уред, централно греење, противпожарен алармен систем, SOS дојава, LCD кабелска телевизија со интернационални канали, мини бар, директна телефонска линија, интернет пристап, фен, модерно опремени купатила со туш кабина, секојдневно чистење на собите и електронска брава.

На Ваша услуга

Нашиот љубезен персонал Ви стои на располагање во секое време. На Ваше барање можеме да Ви организираме rent-a-car, еднодневни или неколку дневни туристички тури со водич во Скопје и Македонија, превоз од Аеродром Александар Велики до хотел и обратно, резервации за настани или ресторани и се што е потребно за Ваш пријатен престој.